Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го сподели своето мислење за крилниот напаѓач на неговата екипа, Џек Грилиш.
„Тој е навистина одлично момче. Еден од најдобрите играчи што сум ги имал. Сите го сакаат. Ако зборуваме за разни општествени и добротворни организации, многупати сум видел како се грижи за деца и стари лица. Тој секогаш размислува разумно, а Џек има и навистина корисни врски“, изјави Гвардиола во интервју за новинарот Фабрицио Романо.
Да потсетиме, Грилиш во 2021 година од Астон Вила се пресели во Манчестер Сити. Во овој период, фудбалерот учествуваше на 101 натпревар, на кои постигна 11 гола и 17 асистенции.