Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите по рекорден десеттипат како менаџер, вели дека дуелите со Баерн беа исклучително тешки.
„Многу сум среќен што третпат по ред ќе играме во полуфиналето“, изјави Гвардиола.
„Баерн не не изненади, видовте колку се добри. Клучни во таквите натпревари се деталите. Во тие два натпревари, во вистински моменти, бевме израмнети. Во вториот дел коригиравме некои работи и од првата минута од вториот дел почувствувавме дека ја контролираме играта“, изјави Гвардиола.
Менаџерот призна дека неговите играчи се уморни пред полуфиналето на ФА Купот овој викенд против Шефилд Јунајтед на Вембли, но ќе атакуваат на сите трофеи до кои можат да стигнат сезонава.