Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред утрешниот реванш со Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, потенцира дека нема поставено за цел да освои четири трофеи во една сезона.
„Четири титули никогаш не освоил англиски тим во една сезона и мислам дека тоа нема да се случи ниту сега со оглед на глобалната ситуација“ – рече Гвардиола.
Ќе потсетиме дека Манчестер Јунајтед е единствениот англиски состав што има три пехари во една сезона и тоа од Премиер, од Лигата на шампионите и од ФА Купот.

