Гвардиола: треба да одиграме тимски

0

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека не треба да има опуштање кај неговите фудбалери на денешниот реванш меч со ПСЖ во полу-финалето во Лигата на шампионите.

Средбата ќе биде одиграна од 21.00 часот на стадионот-„Етихад“ а домаќинот има предност на хартија откако победи на гостувањето во Франција со 2 спрема 1.

„ПСЖ има одличен тренер кој може да направи големи промени во играта во однос на првиот дуел. Мораме да бидеме крајно внимателни и да настапиме со тимски дух“ – потенцираше Шпанецот на клупата на англичаните.

Share.

Leave A Reply