Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го најави неделното дерби со Ливерпул истакнувајќи дека Ливерпул е нивен главен ривал и оваа сезона.
„Тие се наши главни ривали во последните девет или десет години, па затоа нема потреба да се зборува колку се добри. Но, ние сме подготвени. Разговаравме многу за овој натпревар оваа недела, колку е важен. Задоволство е да се игра против Ливерпул и се надевам дека ќе можеме да одиграме добро. Искрено, возбуден сум и среќен што се подготвувам за натпреварот во недела. Со нетрпение очекувам повторно да играм во недела против Ливерпул. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Гвардиола.

