Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека е премногу рано да се зборува дека неговиот тим е најголемиот во историјата на Премиерлигата.
„Граѓаните” веќе се сигурен шампион во оваа сезона, успеаа да соборат три рекорди во првенството за најмногу постигнати голови, најмногу победи и најмногу освоени поени. Тимот може да ја заврши сезоната со освоени 100 поени, ако успее да го победи Саутемптон во последното коло. Сепак, шпанскиот тренер верува дека тој не треба да биде оптоварен со пофалбите кои пристигнуваат на адреса на неговиот клуб.
„За да бидеме најдобри во историјата, мора да продолжиме да победуваме. Ако сакаме да сме еднакви со Ливерпул и Манчестер Јунајтед, треба да постигнеме уште многу. Многу пати сме зборувале дека се обидуваме да напишеме нова страница во англискиот фудбал. Сите ги паметиме 80-тите, кога Ливерпул доминираше во Англија, потоа во 90-тите беше Сер Алекс Фергусон, за кого се радувам што излегол од интензивна нега. Од гледна точка на бројките, ние сме најдобри во оваа сезона и тоа не радува.Можеби некој друг тим ќе успее да го достигне ова, но ќе треба многу да се потруди. Ние одигравме многу силна сезона, срушивме многу рекорди, ја задржавме смиреноста, освоивме 97 поени, тоа е доказ колку добро сме се претставиле. Сега има уште еден натпревар и ќе се обидеме да победиме и дојдеме до 100 поени, за да ја завршиме позитивно оваа речиси совршена сезона” изјави Гвардиола.