Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не жали бидејќи Габриел Жезус и Олександар Зиченко во текот на летото заминаа во Арсенал и се наметнаа како лидери кај „топчиите“ кои се издвоија во трката за титулата.
Двата тима денеска ќе се соочат во ФА Купот на Англија а Бразилецот и Укаринецот за прв пат ќе се вратат на „Етихад“ откако ги напуштија „граѓаните“.
„Ние имаме неверојатна почит кон нив прво како луѓе а потоа како фудбалери. Секако дека сакаме да ги победиме“ – потенцираше шпанскиот тренер.