Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, беше импресиониран од дефанзивните перформанси на неговиот тим во победата од 3-0 над Баерн Минхен. Како поранешен тренер на Баерн, Пеп рече дека знае што да очекува од атмосферата на „Алијанц Арената“ следната недела.
„Ова беше меч на два врвни тима. Дефинитивно беше израмнето. Постигнавме одличен гол преку Родри, но не можевме да го контролираме просторот. Гнабри и Коман тешко се контролираат. Шанси имаше и Сане. Малку ги сменивме работите и во последните минути дадовме голови. Знам како ќе биде во Минхен. Мора да пробаме нешто ново. Тие ќе ја имаат топката и ќе шутираат многу кон нашиот гол“, вели Пеп.

