Предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола проговори за борбата за титулата во англиската Премиер лига со Арсенал. Лондончани се на врвот на табелата во Премиер лигата со 51 бод од 21 натпревар. Манчестер Сити е на второто место со 48 бодови по 22 одиграни натпревари.
„Ќе ја браниме оваа титула до последен ден. Ако Арсенал биде пред нас затоа што е подобар, јас ќе бидам првиот што ќе им честитам, како што секогаш сум правел тоо во кариерата. Сакаме да се бориме до последно за она што сè уште ни припаѓа. Нека се обидат да ни ја одземат титулата од раце. Тоа е она што би сакал да го направам – да се борам максимално за да се обидам да ја задржам титулата. Ако не успееме, тоа е затоа што другите беа подобри. Мора да го прифатиме ова и да се подобриме, знаејќи дека не се откажавме и дадовме се од себе. За тоа се борам секој ден“, изјави Гвардиола, за официјалниот сајт на Манчестер Сити.
Во одложениот натпревар од 12. коло на Премиер лигата денеска, ќе се сретнат Арсенал и Манчестер Сити. Натпреварот започнува во 20:30 часот.