Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, ќе почека до утрешниот тренинг за да одлучи кои играчи ќе ги пријави за последната пресметка во Премиер лигата против Брентфорд.
Под знак прашалник се дури седум но, шпанскиот стручњак тврди дека ќе излезе со најсилниот можен состав бидејќи не сака тимот да го загуби ритамот пред финалето со Манчестер Јунајтед во ФА Купот и со Интер во Лигата на шампионите.
„Тоа е нешто што се случува еднаш во животот – да се освои Премиер лигата и да се играат две финалиња до крајот на сезоната“ – изјави Гвардиола на денешната прес-конференција.