Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Хаџиевски како преодно решение на клупата на Вардар
    Фудбал

    Хаџиевски како преодно решение на клупата на Вардар

    risteBy riste19/08/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Синоќа беа најавени големи промени во ФК Вардар и денес сето тоа беше потврдено од страна на клубот. Самиот клуб јавно се огласи и им се заблагодари на Грнчаров и Бајевски кои заминуваат, па обелодени кои се нивните привремени замени.

    Ѓоко Хаџиевски ќе ја води екипата против Воска Спорт в недела, со помош на координаторот на школата Бобан Бабунски. Потоа клубот ќе назначи перманентни решенија на испразнетите позиции.

    „Ја известуваме целокупната јавност дека тренерот на екипата Бобан Грнчаров, спортскиот директор Александар Бајевски, заедно со членовите на стручниот штаб Орхан Абди, Игор Тасевски и Стево Митревски поднесоа оставки на функциите и повеќе не се дел од ФК Вардар.

    Би сакале во името на клубот, да се заблагодариме за професионализмот, енергијата и трудот кои  во текот на двете години ги вложивте во клубот и затоа што покажавте колку е важно да се биде онаму каде што се брани „црвено-црното.” 

    Екипата денес, по планот заминува во карантин, каде што под водство на вардаровата легенда Ѓоко Хаџиевски и координаторот на младинската школа Бобан Бабунски, ќе ги одработи последните подготовки пред натпреварот против Воска. Во името на клубот им се заблагодаруваме поради тоа што веднаш ја прифатија понудата и се ангажираа да го водат клубот на овој важен натпревар.

    Јасно напоменуваме дека ова е само преодно решение. Клубот уште вчера започна преговори со потенцијалната замена на позицијата тренер и засега можеме да кажеме дека истите течат добро. Во најбрз можен временски рок, официјално ќе го соопштиме името на новиот тренер за кој сметаме дека достојно и чесно ќе ја води екипата во понатамошниот период“, се вели во соопштението на нашиот најтрофеен клуб. 

    Вардар во првите две кола загуби од АП Брера и Шкупи и не постигна гол. Дуелот против Воска Спорт се игра в недела од 17:00 часот во Охрид. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал

    22/09/2023

    Фернадеш: Онана е одличен голман

    22/09/2023

    Германецот е убеден дека го направи вистинскиот потег

    22/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    • Севил: Шарапова можеби се подготвува за настап на турнирите
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.