Манчестер Јунајтед сериозно размислува да го ангажира, Ерик тен Хаг, кој најави дека во текот на летото ќе го напушти фудбалскиот состав на Ајакс.
Според – „Дејли Мејл“, искусниот тренер бил на интервју на „олд Трафорд“. Бидејќи Ралф Рагник, ќе биде на кормилото до крајот на сезоната, одлуката околу новиот тренер на „црвените ѓаволи“ се очекува до крајот на април.
Како опции за клупата на Јунајтед се споменуваат и Маурисио Покетино, Лопетеги и Луис Енрике.