Тренерот на фудбалерите на Ајакс, Ерик Тен Хаг, по вчерашната сензационална елиминација на екипата на Јувентус, објасни како неговите фудбалери успеале да го изненадат големиот фаворит и тоа на негов терен.
„Со нашиот пристап и нашата филозофија на игра исфрливме уште еден фавоорит. Можеше да се забележи дека Јувентус е исплашен од нас, исто како што беше и Реал Мадрид. Имаме многу технички надарени играчи и тешко е да се игра против нас“ – вели Хаг.
„На полувремето се договоривме да направиме поголем пресинг врз Емре Џан, се со цел нашите крила да притискаат повисоко а Ласе Шоне и Де Јонг да бидат поблиску еден до друг и да имаат контрола на играта. Така ни се отвори простор на теренот и напаѓавме повеќе“ – вели тренерот на холандскиот тим.