Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, очекува неговиот тим да се врати на победите против Фулам во недела откако во претходното коло во Премиер-лигата загуби од Астон Вила.
„Ќе биде навистина тежок натпревар. Фулам игра одлично и мораме да бидеме максимално фокусирани“ – вели Холанѓанецот.
Диого Далот ќе отсуствува в недела поради суспензија додека Брендон Вилијамс и Арон Ван-Бисака остануваат надвор од екипата поради повреди.

