Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер изјави дека клубот ја повлекол понудата до Давид Алаба за продолжување на неговиот договор.
„Ние му понудивме навистина добра, фер, конкурентна понуда, особено во овој момент. На агентот на Давид Алаба за време на нашата последна средба му рековме дека сакаме јасен одговор до крајот на октомври. После тоа, нашиот спортски директор контактираше со агентот на играчот, а тој одговори дека понудата сепак е незадоволителна и дека треба да размислиме повеќе. По ова решивме целосно да ја повлечеме понудата и тоа значи дека нема повеќе понуди“, изјаву Хајнер.
Давид Алаба игра за Баерн Минхен од 2011 година. За германскиот клуб одигра 393 натпревари, постигна 31 гол, 49 асистенции и доби 17 жолти картони.

