Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер го сподели своето мислење за обновувањето на договорите со првите ѕвезди на тимот.
„Баерн никогаш не бил под влијание на насловите или постојаните гласини. Нашето раководство е во постојани преговори со играчите и ќе ги започне преговорите во вистинско време.
Нашите играчи знаат дека клубот за нив е чесен и доверлив партнер. Баерн е еден од најдобрите светски клубови. Мислам дека ниту еден играч не зажалил за продолжување на договорот со Баерн во последните години. Роберт Левандовски знае дека многу го цениме. Неколку пати му изразив благодарност. Истото важи и за Мануел Нојер и Томас Милер, кои се истакнати личности во историјата на Баерн.
Многу мирно преговараме со нив. Имаме доволно време, нашите играчи го знаат тоа. Сега целото внимание е насочено кон нашите големи цели – 10-та шампионска титула во низа во Бундеслигата и победа во Лигата на шампионите“, изјави Хајнер за „Кикер“.