Фудбалерот, Ашраф Хаким, деновиве ќе го напушти тимот на Реал Мадрид и ќе потпише за италијанскиот Интер, објавија денеска дел од медиумите на Апенините.
Според наведеното, десниот бек ќе потпише соработка за 5 години и ќе заработува по 5,5 милиони евра по сезона. „Нероаѕурите“ ќе им платат на „кралевите“ 40 милиони евра плус 5. во форма на бонуси.
22-годишниот Мароканец сезоната ја помина како позајмен во Борусија Дортмунд. За „милионерите“ одигра 40 меча со фект од 9 голови и 10 асистенции.