Играчот од средниот ред на Галатасарај, Хаким Зиеш, стана третиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал два гола од слободен удар на еден натпревар, пренесува „Opta Sports“.
Мароканецот двапати го погоди голот на камерунскиот голман на Манчестер Јунајтед, Андре Онана во натпреварот од 5. коло од групната фаза на турнирот, кој заврши со резултат 3:3.
Зиеш ги постигна головите во 29. и 62. Минута, а во 71.минута му асистираше и на Керем Актуркоглу за уште еден гол на Галатасарај.
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо постигна два гола од слободен удар во натпреварот од Лигата на шампионите. Како дел од Реал Мадрид, тој постигна два гола против Цирих на гостински натпревар во групната фаза на турнирот во сезоната 2009/2010, кој заврши со победа на шпанскиот клуб со резултат 5:2.
Два гола од слободен удар во Лигата на шампионите постигна и бразилскиот напаѓач Нејмар. Со ПСЖ, тој постигна два гола против Црвена Звезда во натпревар од групната фаза на домашен терен во сезоната 2018/2019, која парижаните ја добија со 6:1.

