Десниот бек на ПСЖ, Ашраф Хакими, се заразил со Ковид-19 и ќе мора да ги пропушти подготовките за новата фудбалска сезона.
Тоа значи дека десниот бек нема да му биде на располагање на тренерот, Маурисио Почетино, за натпреварот против Лил на 1 август во францускиот Супер-куп.
Ќе потсетиме дека Мароканецот беше купен во теков на летово од Интер како големо засилување во дефанзивата линија на „светците“.