Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими, кој е на позајмица во Борусија Дортмунд, ќе се врати во мадридскиот клуб на крајот на сезоната 2019/20, објави новинарот Николо Скира на својата страница на Твитер.
Според изворот, 21-годишниот фудбалер ќе потпише нов договор со шпанскиот клуб, со важност до 2025 година. Оваа сезона, Хакими одигра 29 натпревари како дел од Борусија Д., постигна 5 гола и направи 10 асистенции. Тековниот договор на дефанзивецот со Реал Мадрид е до летото 2021 година.
Да потсетиме дека Хакими беше прогласен за најбрз играч во Бундеслигата. Во натпреварот од 20-то коло со Унион Берлин (5:0) на „Сигнал Идуна парк“ Ашраф Хакими трчаше со максимална брзина од 36,49 км на час.