Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд може да се пресели во Реал Мадрид, објави денес весникот „АС“. Претходно, германскиот тим соопшти дека Норвежанецот ќе остане во клубот и за следната сезона.
Според изворот, мадридскиот клуб продолжува да планира какви засулувања ќе направи ова лето, но и за летото 2022 година, кога ќе стапи во сила клаузулата според која напаѓачот може да биде продаден за 75 милиони евра. Во исто време, Норвежанецот може да замине доколку клубот не влезе во Лигата на шампионите следната сезона.
Познато е дека управата на Реал Мадрид го следи и напаѓачот на ПСЖ , Килијан Мбапе. Доколку Парижаните не се согласат да го пуштат Французинот на лето, тогаш Реал ќе се фокусира на потпишувањето на Халанд и ќе чека крај на договорот на Мбапе со ПСЖ со цел да го добие бесплатно. Договорот на фудбалерот со парискиот тим е до летото 2022 година.
Халанд игра за Борусија од јануари 2020 година. Оваа сезона тој одигра 38 натпревари, постигна 37 погодоци и забележа 11 асистенции.