Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, успеа да дојде до бројката од 51 гол откако два пати реализираше на вчерашниот меч со Евертон во Премиер лигата.
Со тој ефект, голгетерот на „граѓаните“ се проби на првото место на вечната листа бидејќи успеа да постигне повеќе голови од кој било друг фудбалер по 50 мечеви одиграни во елитата на Англија.
Тој во сезонава одигра 26 натпревари на сите турнири на кои постигна 21 гол и направи шест асистенции. Халанд има договр до јуни во 2027 година.

