Ерлинг Халанд стана најбрзиот Норвежанец кој постигнал десет голови за репрезентацијата од 1948 година, а исто стана и најмладиот играч досега во Норвешка што ја достигнал оваа граница.
Халанд имаше хет-трик за Норвешка во победата од 5-1 над Гибралтар во вторникот и со тоа ѕвездата на Борусија (Д) сега има дури 12 гола на 15 натпревари за својата репрезентација, што го прави единствениот Норвежанец што постигнал десет голови по толку малку одиграни средби во последните 73 години.
Халанд со своите 21 година и 48 дена стана најмладиот играч што постигнал десет гола за репрезенацијата досега.