Норвешкиот напаѓач во редовите на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд стана првиот играч во историјата на англиската Премиер лига кој постигнал хет-трик на три последователни натпревари на домашен терен.
Норвежанецот постигна по три гола против Кристал Палас, Нотингем Форест и Манчестер Јунајтед. Ова беше настан за паметење затоа што овој хет-трик беше постигнат на градското дерби, во кое „граѓаните“ славеа победа 6:3. Покрај Халанд, хет-трик постигна и играчот од средниот ред Филип Фоден, кој беше негов прв во кариерата.
По оваа средба Манчестер Сити има 20 бода и се зацврсти на втората позиција на табелата, додека Манчестер Јунајтед остана на шестото место со 12 бодови.