Младата фудбалска ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, вчера имаше неверојатен спринт на средбата со Штугарт кога достигна брзина од дури 36,04 км на час, што е рекорд во сезонава во Бундес-лигата.
Одличниот голгетер со тоа достигнување ги остави зад него Маркус Турам од Вердер (35,97 км на час) и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен (35,95 км на час).
Засега најбрзиот спринт на фудбалските терени го има францускиот напаѓач од ПСЖ, Килијан Мбапе, кој пред две години постигна фантастична брзина од 38 км на час.

