Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд синоќа постави рекорд за најмногу постигнати голови во една сезона во Премиер лигата.
Напаѓачот Манчестер Сити погоди во 70. минута на синоќешниот меч со Вест Хем и стигна до 35 гола во Премиер лигата. 22-годишниот Норвежанец ги надмина Енди Кол (1993/94) и Алан Ширер (1994/95), кои досега беа рекордери со по 34 голови во лигата.
Последниот играч кој постигнал повеќе голови во една сезона во првата лига на Англија е Рон Дејвис, постигнувајќи 37 голови во 1966/67 година, но од повеќе од 42 меча во една сезона.