Денеска со првите мечеви од осминафиналето на Лигата на шампионите продолжува и трката за најдобар стрелец во најсиното европско натпреварување оваа сезона. Битката за „златната копачка“ треба да се вжешти, бидејќи најдобрите европски напаѓачи ја бркаат престижната круна.
Минатата сезона Ерлинг Халанд одигра неверојатна сезона и со 12 гола ја освои оваа престижна титула. Досега по групната фаза, дури четворица стрелци имаат ист учинок.
Халанд, заедно со Гризман, Хојлунд и Алваро Мората со по 5 постигнати гола засега се на врвот на листата на најдобри стрелци во ЛШ оваа сезона, а зад нив со гол помалку се дури шестмина: Еванилсон (Порто), Кејн (Баерн), Алварез (Сити), Белингем (Реал), Габриел Жезус (Арсенал) и Галено (Порто).

