Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, има неделна плата во англискиот клуб од околу еден милион евра, објави британскиот весник – „Дејли мејл“.
Норвешкиот голгетер за една година во дресот на „граѓаните“ ќе заработи околу 51 милиони евра под услов да се реализират и бонусите.
Халанд во дебитантскате сезона во Премиер лигата на 12 мечеви во сите конкуренции постигна 19 голови.