Полицијата во Манчестер може да го санкционира фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.
Причина за тоа се фотографиите објавени од таблоидот „Sun“, на кои се гледа како напаѓачот го користи мобилниот телефон додека е во неговото возило. Според весникот, сликите се направени на 15 март во близина на стадионот Етихад.
Норвежанецот доколку биде прогласен за виновен ќе заработи парична казна од 200 фунти.