Англиските медиуми пишуваат дека Ерлинг Халанд ќе биде првиот фудбалер што ќе си замине од Манчестер Сити доколку клубот биде казнет со одземање на бодови или со исфрлање од Премиер лигата.
„Атлетик“ тврди дека заедно со норвешкиот голгетер ќе си замине и менаџерот Пеп Гвардиола. „Граѓаните“ и претходно беа казнети парично за прекршување на финансискиот фер-плеј.
Тогаш Гвардиола се закани дека ќе си замине ако биде откриено дека правеле финансиски малверзации.