Голгетерот на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд повторно е надвор од комбинација на тренерот поради повреда.
Марко Роуз објасни дека напаѓачот ќе отсуствува неколку недели бидејќи му се обновила повредата на бутот поради која неодамна пропушти три натпревари.
Во вторникот Халанд одигра 90 минути во тешкиот пораз со 0:4 од Ајакс во Лигата на шампионите, но повторно почувствува болка. Борусија Дортмунд ќе се соочи со Арминија (Билефелд), Инголштад за Купот на Германија, Келн, Ајакс, РБ (Лајпциг) и други екипи во овој период.
Дербито во Бундес лигата против Баерн (Минхен) е дури на 4 декември.