Фудбалерот, Ерлинг Халанд, пред финалето во ФА Купот со Манчестер Јунајтед (3 јуни) и големото финале во Лигата на шампионите со Интер (10 јуни), вели дека Пеп Гвардиола, му помогнал да се наметне во дебитантската сезона.
„Јас и сите играчи ги составувавме малите делови. На крајот сè се сведува на фактот дека треба да го слушам бидејќи тој е најдобриот тренер“ – вели Норвежанецот.
Халанд одигра 51 меч во сите конкуренции со ефект од 52 гола и 9 асистенции.

