Напаѓачот на Манчестер Сити и на селекцијата на Норвешка, Ерлинг Халанд, призна дека има голема желба да игра на Светското првенство во Катар.
„Секако, сакав да бидам на Светското. Сега ќе имам можност да ги опуштам телото и умот и да продолжам со тренинзите. Мојата цел е да се подготвам за вториот дел од сезоната“ – изјави Халанд.
„Се надевам дека со Норвешка ќе можеме да го оствариме нашиот сон и еден ден да се пласираме на светско или европско првенство. Кои се фаворитите во Катар? Мислам дека тоа се Бразил, Аргентина, Франција и можеби Англија“ – потенцираше голгетерот на „граѓаните“.