Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, кој поради повреда мораше да го пропушти мечот со Аугсбург одигран во текот на викендот во Бундес-лигата, нема да игра за селекцијата на Норвешка на претстојните два меча со Црна Гора и со Турција.
– Жал ми е што не успеав да се подготвам за настапите на репрезентацијата. Како и да е – среќно Норвешка, напиша Халанд на социјалните мрежи.
Неговата репрезентација в петок ќе гостува во Истанбул кај Турција додека в понеделник ќе ја пречека Црна Гора во Осло. Норвешка во квалификациската група се наоѓа на второто со 13 бода бидејќи има послаба гол-разлика од Холандија.

