Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд ги откри своите цели за сезоната 2022/23. 22-годишниот Норвежанец изрази желба да ја направи својата кариера уште поуспешна.
„Манчестер Сити треба да биде подобар во Лигата на шампионите, куповите и постојано да ја одржува формата во англиската Премиер лига. Не е лесно бидејќи има многу добри тимови во Англија. Станува збор за градење на она што Манчестер Сити го изгради со текот на годините. Сакам да донесам нешто свое и се надевам дека ќе го направам тоа“, изјави Халанд за Би-Би-Си.
Напаѓачот изјави и дека сонува да ја освои Лигата на шампионите.