Предводникот на селекцијата на Исланд, Хејмир Халгримсон, не ја криеше радоста од освоениот бод на денешниот натпревар со Аргентина.
Дебитантот на Светското првенство ги изненади „гаучосите“, бидејќи натпреварот заврши нерешено 1:1 во првото коло од групата Д.
„Моите играчи се херои, но овој резултат не ме изненади. Нерешениот резултат е плод на целата работа на нашиот стручен штаб и екипа – такви играчи е тешко да се сопрат, нашата идеја беше да го ограничиме просторот на нивните напаѓачи и мислам дека треба да бидеме задоволни од она што се случи денес“, рече Халгримсон.