Дитер Хекинг ќе ја напушти тренерската функција кај германскиот фудбалски второлигаш Хамбургер СФ, пренесува денеска „Скај Спорт“.
Управата на тимот не е задоволна од работата на 55-годишниот специјалист и нема да го продолжи неговиот договор. Хекинг го презеде кормилото на Хамбургер во претходното лето. Тимот во штотуку завршената сезона го обезбеди само четвртото место во Втората Бундес лига и не успеа да се врати во елитата.
Според најавите на позицијата на Хекинг ќе дојде Димитриос Грамозис кој беше главен тренер на екипата на Дармштат.