Атмосферата во соблекувалната на Баерн Минхен воопшто не е добра, објавија германските медиуми. По три меча без победа меѓу дел од играчите има превирања и сомнежи околу квалитетите на тренерот Нико Ковач.
Најголемата загриженост за раководството е тоа што тренерот не може да воспостави контрола на своите фудбалери. Некако најпроблематичен е случајот со Хамес Родригез, кој минатата недела му довикнувал на Ковач по тренингот: „Ова не е Франкфурт“.
Колумбиецот е незадоволен што во повеќето натпревари останува на клупата и најави дека сака да замине.