Жорге Мендеш кој му е агент задолжен за траснфери на фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез, започнал интензивни преговори со претставниците на Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Според наводите во шпанските весници, тимот од Англија и шампионот на Италија, сакаат да ја ангажираат колумбиската ѕвезда која има трансферна цена од околу 30 милиони евра.
Хамес кој во 2014 година потпиша за „кралевите“, никогаш не успеа да се наметне за првата постава. Тој беше и на позајмица во Баерн Минхен.

