Играчот на Баерн Минхен Хамес Родригез доби шпански пасош. Колумбиецот кој игра во Баерн по трансферот од Реал Мадрид, поднел документи за шпанско државјанство со цел да добие пасош од Европската унија и да не ја пополнува квотата како странец.
Ова ќе му помогне во иднина во случај да направи постојан договор за трансфер. Хаменс е во Баерн со позајмица до крајот на сезоната, при што договорот помеѓу двата клуба има можност за откуп во вредност од 42 милиони евра.
Ако Германците не го искористат тоа, Колумбиецот ќе мора да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, но во оваа фаза е поверојатно од Реал да побараат нов тим во текот на летото за да го испратат на позајмица, секако доколку Баерн не го задржи.
