Офанзивниот играч Хамес Родригез најави дека ќе остане во Баерн Минхен и наредната сезона.
Како што знаеме, Колумбиецот е поврзан со враќање во Реал Мадрид кој ги има неговите права. Сепак, баварците потпишале позајмица до 30 јуни 2019 година.
„Во моментов сум играч на Баерн. Направив добра прва сезона и се чувствувам среќен и ценет во Минхен”, изјави Родригез во интервју во телевизиска емисија во Колумбија.
Следното лето, баварскиот гигант има можност да го купи играчот за постојано за 35,2 милиони евра.