Играчот за врска на Евертон, Хамес Родригез изјави дека напаѓачот Лионел Меси, кој ја напушти Барселона, треба да се приклучи на Јувентус.
„Меси треба да оди во Јувентус и да игра со Кристијано Роналдо . Ќе биде бомба. Многу фанови сонуваат да ги видат овие двајца играчи како играат во ист тим. Мораме да признаеме дека фудбалот многу се промени, а заминувањето на Меси од Барселона е уште една потврда за ова“, изјави Родригез за „Марка“.
Пред два дена Барселона објави дека нема да го обнови договорот со Меси. Ова се должи на финансиските и структурните пречки наведени во прописите на шпанската лига. Меси игра за првиот тим на Барселона од 2005 година. Неговиот договор со каталонскиот клуб истече на крајот на јуни.