Играчот од средниот ред на репрезентацијата на Колумбија и Реал Мадрид, Хамес Родригез, кој ги одигра на позајмица последните две сезони во Баерн Минхен, коментираше за информациите кои секојдневно се појавуваат во медиумите за трансферот во Наполи, а тој сеуште не одлучил каде ќе игра следната сезона.
„Дали добро зборувам италијански? Не, лошо. Мојата иднина? Не знам. Во моментов мислам само за Купот на Америка. Сè уште не знам каде ќе играм, но сакам да останам смирен. Сето тоа зависи од Реал Мадрид. Досега не сум разговарал со Зидан по враќањето во клубот, тоа може да го направам по Копа Америка” изјави Родригез.
Изминатите денови се појави информација дека Наполи е близу до трансферот на 27-годишен фудбалер. Последните две сезони Хамес Родригез ги помина во Баерн Минхен. Сегашните шампион на Германија му платија 13 милиони евра на Реал Мадрид, но одбија да го купат играч за 40 милиони евра.