Играчот за врска на Евертон, Хамес Родригез проговори за неговата адаптација во англискиот клуб и за односот со тренеро Карло Анчелоти.
„Генерално, задоволен сум од мојата игра. Секако дека сум способен за повеќе, но кога играм добро, имам позитивен ефект врз тимот. Ова е токму она што го сакам: за тимот да покаже добар фудбал и да настапи на високо ниво. Лесно ми беше да се адаптирам. Дојдов во голем клуб кој сака да постигне голем успех. Јас работам со тренер кој ме познава. Тој знае како да се справи со играчите и стручниот штаб. Имаме фантастична врска со Анчелоти, ние сме како татко и син“, изјави Родригез за официјалната веб-страница на клубот.
Родригез одигра 18 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, постигна пет гола и направи четири асистенции. Поранешниот играч на Реал Мадрид се пресели во Евертон пред почетокот на тековната сезона. Неговиот договор со англискиот клуб трае до 30 јуни 2022 година.