Статистичката веб страна „whoscored.com“ го прогласи Хамес Родригез од Баерн (Минхен) за играч на сезоната во Бундеслигата.
Колумбискиот играч добивал највисока просечна оценка за настапите во сезоната – 7.63. Играчот кој е на позајмица од Реал Мадрид заврши со 7 гола и 11 асистенции. Тој реализирал по 79.3 додавања по натпревар, од кои 3,5 биле клучни. Имал во просек по 2.2 удари на гол по натпревар. Во Топ 5 според „whoscored“ се уште Даниел Калиџури (Шалке – 7.57), Роберт Левандовски (Баерн – 7.49), Артуро Видал (Баерн – 7.49) и Серж Гнабри (Хофенхајм – 7.41).
Во листата на Kicker пак над сите е Ларс Бендер од Баер (Леверкузен), а неговата оценка е подобра од онаа на Налдо (Шалке), Коен Кастеелс (Волфсбург), Роберт Левандовски (Баерн), Серж Гнабри (Хофенхајм) , Матс Хумелс (Баерн), Тимо Хорн (Келн), Јиржи Павленка (Вердер), Жером Боатенг (Баерн), Нико Шулц (Хофенхајм) и др.
Во исто време „Deutsche Welle“ го избра идеалниот состав за ова сезона:
Улрајх (Баерн), Павар (Штутгарт), Налдо (Шалке), Макс (Аугсбург) Калиџури (Шалке), Кевин-Принс Боатенг (Ајнтрахт), Хамес (Баерн), Бејли (Леверкузен), Ут (Хофенхајм) Петерсен (Вердер), Левандовски (Баерн)