Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик ги пофали своите играчи, и покрај тоа што загубија со 1:2 од Ајнтрахт Франкфурт на натпревар од Бундеслигата.
Во понеделникот шампионот едвај стигнаа до 3:3 со Арминија (Билефелд) на домашен терен, што му дава шанса на РБ (Лајпциг) да се доближи на само 2 поени.
„Последните неколку недели беа доста бурни за нас, и ние сме луѓе. Сепак, горд сум на момчињата“, рече Флик.
„Денес не влеговме добро во натпреварот, а Ајнтрахт е во сензационална форма и игра многу брзо. Ако бевме на ниво на второто полувреме во текот на целиот натпревар, победникот ќе беше поинаков. Да не заборавиме дека многу од нашите фудбалери се или повредени или заразени со коронавирус. Никогаш не замислував дека Леон Горецка (до неодамна со КОВИД-19) ќе игра толку силно. Во принцип, не се грижам. Сакам да додадам дека домаќините би можеле да го подобрат теренот. Не сакаме да играме на вакви терени. Сепак, поразот не се должи на квалитетот на теренот“ рече Ханзи Флик.
Во вторник, Баварците гостуваат кај Лацио во Рим во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Сепак, натпреварот најверојатно ќе биде одложен поради проблемите на Баерн Минхен со коронавирусот. Во последните неколку дена, четворица играчи на Баерн се тестираа позитивно.