Владата на Италија нареди до осми март во сите регионите погодени од корона-вирусот да бидат одложени сите спортски настани.
Тоа значи дека мечевите Аталанта – Лацио, Болоња – Јувентус, Интер – Сасуоло и Верона – Наполи кои требаше да се играат во наредното коло ќе бидат одложени. Одлуката на Владата на Италија создава хаос во распоредот на Серија А бидејќи ќе биде речиси невозможно да се најдат нови термини.
Постои опција натпреварите да се играат без публика, но, клубовите категорично го одбија тоа бидејќи ќе останат без приходот од продадени влезници. Сегашниот развој на настаните ја наметнува дилема дали Серија „А“ ќе заврши на регуларен начин.

