Синоќа било жестоко во соблекувалната на Баерн (М). Баварците испаднаа во четвртфиналето од Купот откако со гол од пенал во 94. Минута Фрајбург ги совлада на гостински терен,
По мечот фудбалерите се заклучиле во соблекувалната, а најгласен во викотниците бил Џошуа Кимих.
„Навистина сум гневен што го загубивме трофејот на ваков начин! Фрајбург немаше ниту една шанса, а постигнаа два гола. Еден од далечина, еден од пенал. Тоа покажува дека ние сме вниновниците. Додека тие (Фрајбург) гореа од желба за победа, ние мислевме дека сами ќе се предадат во Минхен. Затоа повторно ни се случи она што се случува многу често, загубивме откако имавме водството. Овој тим на Баерн покажува премалку страст и премалку емоции“, изјави Кимих.