Голгетерот на Тотенхем Хари Кејн изненадувачки потпиша нов шестгодишен договор со клубот до летото 2024 година, и покрај огромниот интерес од многу други клубови за неговите услуги.
Според пишувањето на медиумите на Островот со новиот договор, Кејн ќе добива неделна плата во висина од 200.000 фунти.
Хари Кејн игра за Тотенхем од 2011 година. Во изминатата сезона тој постигна 41 гол за својата екипа, а во моментов е со својата репрезентација Англија каде се подготвува за настап на СП во Русија.