Хари Кејн, сега и официјално е нов играч на Баерн Минхен! Германскиот хегемон се пофали со своето рекордно засилување, откако 30-годишниот напаѓач на „Алијанц Арена“ пристигна од Тотенхем, каде играше од 2009 година. Кејн потпиша договор со Баварците до летото 2027 година и во својот нов тим ќе го носи бројот 9.
„Добредојде во Минхен, Хари Кејн! Ние сме многу среќни поради нашето ново врвно засилување. За реализација на овој трансфер беше потребна упорност и храброст, им честитам на сите вклучени, предводени од нашиот извршен директор Јан-Кристијан Дрисен“, коментираше претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.
„Многу сум среќен што станав дел од Баерн“, изјави Кејн. „Ова е еден од најголемите клубови во светот и секогаш сум велел дека сакам да се докажам на најголемата сцена. Овој клуб е симбол на менталитетот на победник – многу е добро што сега сум дел од тоа“, додаде голетерот на англиската репрезентација.